Честитка од ДУИ по повод Денот на независноста

25

По повод 8 Септември – 30 годишнината од независноста на Република
Северна Македонија, Демократската Унија за Интеграција им честита на
сите граѓани на нашата земја и смета дека еднаквоста и меѓусебното
почитување се темел на заедничкиот пат кон нови предизвици и успеси како
што е полноправното членство на земјата во Европската унија.

Демократската Унија за Интеграција смета дека земјата се соочи со многу
предизвици во овие три децении, но постигна историски успеси и излезе
посилна од секое соочување.

Демократската Унија за Интеграција, исто така, високо го цени
пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската унија,
како и земјите-членки, повторувајќи дека успесите на нашата земја се
заеднички со евро-американската заедница.