Челниците на Манчестер Сити прават брутална чистка на фудбалерите!

218
epaselect epa10684397 Manchester City captain Ilkay Guendogan raises the trophny as the team celebrate winning the UEFA Champions League Final soccer match between Manchester City and Inter Milan, in Istanbul, Turkey, 10 June 2023. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Никако да биде ставен крај на серијата порази на „Итихад“, а како што стојат работите, клупските челници се подготвени да направат неколку радикални потези.

Англиските медиуми пренесуваат дека управата на Манчестер Сити донела одлука да избрка дури шест редовни првотимци на крајот од актуелната сезона.

Шампионот на Англија загуби осум од последните 11 натпревари и се наоѓа на петтото место на табелата. Ова е нешто што беше незамисливо пред почетокот на сезоната.

Притисокот врз Пеп Гвардиола од ден на ден се зголемува, а доколку продолжат овие резултати, неговото останување на кормилото на Манчестер Сити секако може да биде доведено во прашање.

Според новинарите Гилем Балаге, оние кои се зад сцената чувствуваат дека веќе ја нема хармонијата што владееше во клубот во изминатите години.

Новинарите од англискиот „TEAMtalk“ отидоа многу подалеку, тврдејќи дека во наредниот период се подготвува голема чистка и дека на некои големи имиња ќе им биде покажана излезната врата.

Така, соработникот на „TEAMtalk“, Фрејзер Флечер, откри дека еден од фудбалерите кои во наредниот период ќе го напуштат Манчестер Сити е искусниот стопер Рубен Диас.

Очигледно веќе е подготвена замена за него, а тоа ќе биде Марк Гуехи, кој важи за голема желба на клупските челници.

Следни на списокот се Кевин де Бруин, кој има договор до крајот на актуелната сезона, а исто сценарио е подготвено и за Илкај Гундоган, кој исто така има договор до крајот на сезоната.

Од клубот би требало да си замине и десниот бек Кајл Вокер, голманот Едерсон како и Бернардо Силва кој е желба на Барселона и ПСЖ.

Прашање е само дали овие заминувања ќе се случат на лето или веќе во јануари, а интересно е што одлуката ја донесе управата на Манчестер Сити, а процесот не може да го запре Пеп Гвардиола.