Чекор напред во белгиското законодавство: Сексуалните работници добиваат основни работнички права

    14

    Сексуалните работници во Белгија ќе добијат основни работнички права, вклучувајќи го и правото да одбиваат клиенти и да прекинат со работа во секое време, а ќе можат да потпишуваат формални договори за вработување и да добијат права од работен однос еднакви со оние во другите професии.

    Според новиот закон, сексуалните работници ќе имаат здравствено осигурување, платено отсуство, породилни надоместоци, надоместоци за невработени и пензии. Законот, исто така, утврдува правила за работното време, платите и безбедноста.

    Работодавците мора да добијат овластување, да се придржуваат до строгите безбедносни протоколи и да ги исполнуваат основните барања – да немаат претходни пресуди за сексуален напад или трговија со луѓе. Тие мора да обезбедат чиста постелнина, кондоми и средства за хигиена и да инсталираат копчиња за итни случаи во работните области.

    Независната сексуална работа останува дозволена, но нерегулираниот ангажман на трети лица или прекршувањето на законската рамка ќе бидат кривично гонети.

    Критичарите тврдат дека законот не може целосно да се справи со стигмата и ризиците поврзани со таквата трговија, особено за сексуалните работници без документи.

    Овој потег следи по одлуката на Белгија во 2022 година да ја декриминализира проституцијата.

    „Ова е неверојатен чекор напред“, рече Изабел Харамило, координатор на Espace P, група за застапување вклучена во подготвувањето на законот. „Ова значи дека нивната професија конечно може да биде признаена како легитимна од белгиската држава“, рече таа.

    „Од перспектива на работодавачот, ова исто така ќе биде револуционерна промена, според претходните закони, ангажирањето некого за сексуална работа автоматски ве направи макро, дури и ако договорот беше консензуален“, додаде Харамило.

    „Сега тие ќе мора да аплицираат за овластување за вработување, иако соседните земји како Германија и Холандија ја легализираа проституцијата, ниту една не спроведе толку сеопфатна заштита на трудот како Белгија.