Го криеја една година – гордите родители Антониа и Роберт го покажаа синот Киан на неговиот прв роденден/ФОТО

723

Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски го прославија првиот роденден на нивниот син, па по тој повод објавија низа фотографии на социјалните мрежи. Од фотографиите се гледа дека Киан има наклонетост према свирењето и пеењето уште од „пелени“, а дали ќе биде така и кога ќе порасне, ќе видиме.

Гордата мајка напиша емотивна порака за роденденот на својот син:

„Дете мое …

Нашиот Киан денеска полни една годинка. Ова за нас беше најубава година, не знам што би правеле ако не си ТИ!

Мама и тато те сакаат најмногу на цел свет.

Биди ни секогаш вака среќен и насмеан!“, напиша Гиговска во описот на фотографиите.