ЦЈЗ Куманово: Единаесет лица од Куманово, двајца од Липково новозаболени од Ковид 19

49

Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира 13 новозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска од јавната здравствена установа.

Директорот на ЦЈЗ Куманово, д-р Ариф Љатифи изјави дека 11 од новорегистрираните се од општина Куманово, двајца се од општина Липково.

И денеска заболените се од познати кластери, изјави Љатифи.

Денеска извршени се 27 тестови, од нив двa согласно епидемиолошки индикации, а 25 се контролни тестови.

Министерството за здравство, информираше дека починати се и двајца пациенти од Куманово. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.