ЦУК: Пожарот кај Оризари изгасен, а кај Грнчиште ставен под контрола, нема опасност од проширување кон населби

29

Пожарот којшто гореше речиси цели два дена во пределот кај с.Оризари во Општина Велес е целосно изгасен, соопшти ЦУК.

„Пожарите кај селата Црквино и Грнчиште, поточно пожарот кој започна кај с.Црквино, од Општина Велес и се префрли кон с.Грнчиште, во Општина Градско е ставен под контрола, нема опасност од проширување и загрозување на населби и објекти“, информираа од ЦУК.