ЦУК: Невремето продолжи во Струмичко, Битолско, Гевгелиско и други региони во нашата држава

220

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности.

За сега билансот, според досегашните пријави и информации за опасности и за итни случаи на 112 во ЦУК, што и се зголемуваат, заради невремето во Скопско е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3; кабли откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени лица 1.добиена е пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на Локација: Булевар Свети Климент Охридски, бр. 66., Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка.

Линиите на 112 се вжештија: повеќе од 160 до 200 во првиот час, темпото на постојано добивање пријави за штети, информации и итни случаи заради невреме не застанува иако во Скопско невремето се стиши, бидејќи заради локалните обилни врнежи од дожд, град на места и засилен ветер во Струмичко, Битолско, Гевгелиско и други региони во нашата држава

ЦУК им благодарение на медиумите за брзото пренесување на информациите за приближувањето на невремето, а и за моментното негово движење со што имаа превентивни информации за да се заштитат, себе и имотот и превентивно да се засолнат за времетраењето на невремето на одредени локални подрачја во Скопско, Струмичко, Битолско, Гевгелиско и во други региони во нашата држава.

Истовремено, медиумите ги пренесоа и конкретните адреси за дел од погодените места во Скопско од локалното силно невреме, со што информираа за можните критични точки каде што има прекин на сообраќај или опасност за луѓето во таа близина.