Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата „Цртање на асфалт“, во која учествуваат најмалите, односно децата од сите градинки од Скопје и околината.
Манифестацијата ќе се одржи утре во Градскиот парк, кај споменикот на Гоце Делчев со почеток во 10:30 часот и е посветена на денот на македонските просветители „Свети Кирил и Методиј“, кои се едни од најзначајните личности во македонската историја.
ДКЦ „Карпош“ ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма, запознавање на децата кое е значењето и зошто се одбележува овој голем ден како празник. За учесниците ќе има симболични награди и дипломи за градинките учеснички на манифестацијата. Децата од предучилишните установи, градинките ќе можат да ја изразат својата креативност со своите цртежи кои ќе бидат по слободен избор.