Црн чад од „Среќа“: Опожарена една од галиите во Вардар/ФОТО

194

Опожарена е напуштената галија во близина на хотелот „Холидеј Ин“ во строгиот центар на Скопје. Во гаснење на пожарот интервенираа 12 пожарникари со три противпожарни возила

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски во изјава за Телма вели дека огнот избил во внатрешноста, а потоа се проширил кон предниот дел од галијата. На терен излегле три противпожарни возила и во моментов тој е изгаснат.

Станува збор за галијата „Среќа“ која е лоцирана во близина на хотелот „Холидеј Ин“.

Станува збор за истата галија која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива.

Бродот стои разрушен одвнатре и не е првпат да биде запален.

Фото: П. Стојановски