Министерството за внатрешни работи на Србија ги предупреди граѓаните да внимаваат и да избегнуваат измами за време на акцијата „Црн петок“.
Се повикуваат граѓаните да ги проверуваат веб-адресите и да купуваат само од официјални веб-страници, како и да не „кликнуваат“ на линкови добиени преку електронска пошта или социјалните мрежи.
„Внимавајте на безбедносните протоколи. Проверете дали сајтот користи https и ssl заштита за безбеден пренос на податоци“, велат од српското МВР во објава на Инстаграм.
Оттаму предупредуваат дека информациите за картичките не треба да се испраќаат преку електронска пошта, туку доверливите информации за картичката да останат на веб-страницата, а не во инбокс.