Туристите во Црна Гора се изненадени од цените на лежалките за плажа, но и сместувањето и храната, па едноставен ручек за четиричлено семејство чини повеќе од 250 евра.

„Подгорица Дан“ објави фотографија од фактура која им ја испратил читател, на која се гледа дека за ручек за четиричлено семејство во ресторан во Луштица биле исплатени 256,50 евра.

Според сметката, киселата вода во овој ресторан чини 4 евра, чаша вино 13 евра, салата и тестенини по 18 евра, а торта за која читателот тврди дека е „минијатура“ дури 12 евра.