Црногорската безбедносна агенција ги проверува информациите за можен атентат на претседателот Милатовиќ

31

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на Црна Гора проверува дали се точни информациите дека се подготвува атентат врз претседателот на оваа земја Јаков Милатовиќ, јавуваат локалните медиуми.

За ова наводно неодамна била информирана АНБ од странски извор, за што информираа од кабинетот на претседателот и од Управата на полицијата.

Од кабинетот на Милатовиќ ја потврдија оваа информација , а АНБ не одговори на прашањата на медиумите.

Од Управата на полицијата велат дека безбедноста на Милатовиќ во моментов не е загрозена, но дека ги проверуваат информациите за оваа можност, без да соопштат повеќе детали поради, како што наведоа, природата на информацијата.

Изворот вели дека АНБ била информирана за потенцијалниот атентат на Милатовиќ од два извори поврзани од две земји од Западен Балкан, а наводниот организатор е пензиониран офицер на поранешна армија во регионот, а непосреден извршител ќе биде лице од Црна Гора.

Полициската управа посочи дека мерките за заштита на претседателот биле на значително ниво и пред информациите за наводниот атентат.