„Црниот хумор“ на Цеца Ражнатовиќ! Случајно или не?

1327

Малкумина знаат дека естрадната мегаѕвезда, пејачката Цеца Ражнатовиќ, има завршено ветеринарно училиште, насока свињарство. По тој повод, пејачката неодамна во една ТВ-емисија, сакаше очигледно да биде многу духовита, но се случи да остави претерано горчлив впечаток. Цеца без и малку непријатност изјави дека „за разлика од медицината, во ветерината можеш да го изедеш својот пациент“ и почна да се смее.  Меѓутоа, некои луѓе ја осудија поради ваквата морбидна изјава.                     – Глупачке, па така ли се кажува, беа некои од коментарите. Сепак, многумина од фановите застанаа во одбраната на Цеца, наведувајќи дека тоа е нејзиниот најобичен „црн хумор“!