Црна Гора ги забрани и новогодишните прослави на отворено

263

Со новите епидемиолошки мерки што стапуваат на сила од понеделеник, Црна Гора ги забранува новогодишните прослави, свадбите на отворено и на затворено, како и работата на ноќните клубови.

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ изјави дека работата на угостителските објекти се ограничува до полноќ, дека се забранува организирање на ученички екскурзии како и сите приватни прослави. Во согласност со новите мерки за заштита од ширење на коронавирусот, министерката истакна и дека престој во приватните куќи и станови се препорачува само за членовите од исто домаќинство.

Според ценогорскитре медиуми, Владата се уште ја разгледува можноста од 1 декември да се воведе задолжително поседување на Национална дигитална ковид потврда за комплетната јавна управа– здравство, просвета, војска и полиција.

Министерката за здравство посочи и дека ако бидат усвоени тие мерки, од 1 декември дигиталната ковид потврда во Црна Гора ќе биде неопходна за влез во јавниот превоз, во трговските центри, теретани и во деловните простории.