Црешево и Смилковци ќе се поврзат со градскиот водовод

11

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ информира дека во периодот од 30.10.2024 до 2.11.2024 година, во населените места Црешево и Смилковци, ќе има прекин во водоснабдувањето поради тоа што ЈП „Водовод и канализација“ ќе врши зафат на цевководот со кој се напојува со вода фабрика Железара од каде што овие населени места се снабдуваат со вода за пиење.

Во овој период од страна на ЈП „Водовод и канализација“ ќе биде обезбедена цистерна со пивка вода за овие населени места.

– Со овој зафат конечно ќе се отвори можноста за поврзување на вашите населени места со вода за пиење директно од системот на ЈП „Водовод и канализација“, а не како досега од фабрика Железара и со тоа ќе реши постојаниот проблем со прекин во водоснабдување во вашите населени места – соопштија од ЈКП „Гази Баба 2007“.

Оттаму најавуваат дека Општина Гази Баба и општинското претпријатието претпријатие веќе превземаат конкретни чекори за изработка на проектна документација за овој зафат.