Советот на Град Скопје денеска не даде зелено светло за годишните планови за вработување за 2024 година на неколку јавни установи на Град Скопје.
Според предлог-одлуките што беа доставени до советниците на вчерашното продолжение на 35. седница, во Домот на културата „Кочо Рацин“ наредната година се планирани 10 нови вработувања, а моментално има само тројца вработени. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ бараше согласност за 16 нововработени, а Културно- информативниот центар планира двојно да го зголеми бројот на вработени наредната година, од 15 постојни на 30. Според доставените податоци на ЈУ „Универзална сала“, каде што моментално работат 21, потребата за наредната година е од уште едно вработување.