Црвено знаме на одмаздата подигнато над куполата на џамија во Иран/ФОТО/ВИДЕО

372
Foto: Printscreen/X

Црвеното знаме на одмаздата беше подигнато во Иран, по ликвидацијата на Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, црвеното знаме се веело над куполата на џамијата Џамкаран.

Црвеното знаме ја симболизира крвта на мачениците и повикува на правда и одмазда.

„Наша должност е да се одмаздиме“, рече иранскиот врховен лидер Али Хамнеи претходно денеска, додавајќи:

„Злосторничкиот и терористички ционистички режим маченички го погуби нашиот драг гостин во нашата куќа и не растажи, но подготви и терен за жестока казна.

Последен пат црвеното знаме се појави пред иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел во април оваа година, пишува Kashmir Observer. Овој напад беше одговор на израелскиот напад во Либан во кој беа убиени неколку високи членови на иранската Револуционерна гарда.