Цигарите повторно ќе поскапат за 5 денари

80

Со новите мерки на Владата, цената на цигарите повторно ќе се зголеми за 5 денари, што предизвика големо незадоволство меѓу пушачите.

Ова поскапување е дел од стратешкиот план на Министерството за финансии, кое предвидува дека секој октомври до 2030 година, цената на цигарите ќе расте за истата сума.

Оваа одлука има за цел да се зачува здравјето на луѓето, да се намали потрошувачката на тутун и да се зголемат државните приходи.

Владата исто така соопшти дека зголемувањето на цената е дел од стратегијата за подобрување на јавното здравје.

Ова поскапување наиде на многу негативни реакции кај пушачите кои на социјалните мрежи коментираат дека ова поскапување влијае на нивниот секојдневен живот и оти ќе ја зголеми нелегалната трговија со тутун, што дополнително ќе ја загрози и онака кревката економија.