ЦИА објави оглас во „Економист“, бара патриоти професионалци

55

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави оглас за работа во британскиот неделник „Економист“, во кој бара влијателни, патриоти професионалци од различно потекло, со животно искуство“.

Успешните кандидати треба да и „служат на САД со спроведување на мисијата на Агенцијата како прва линија на одбрана на нацијата“.

–  Ние сме заинтересирани за кандидати кои се на располагање за полно работно време, скратено работно време и консултантски можности и дома и во странство, пишува во огласот.

Во него се наведува дека е наменет за „интелигентни, љубопитни авантуристи кои бараат неспоредлива меѓународна можност за големо влијание“.

Огласот е објавен на 10 јануари 2019 година, а ќе трае до 14 јануари 2020 година.