Цеца  Ражнатовиќ  жртва  на естрадниот криминал

934

Мафијата не мирува! Балканската музичка мегаѕвезда Цеца Ражнатовиќ се најде во виорот на Меѓународниот криминал.  На мета на професионални измамници со седиште во Париз,Франција.  По нив е распишана Интерпол-потерница.  На Интернет со денови наназад се најавува концерт на Светлана Ражнатовиќ  попозната како Цеца а, всушност тој концерт е сто процентно лажен! Влезницата за концерт е 40 евра а, билетите се распродадоа мошне брзо. Ноќниот клуб може да прими околу 600 луѓе. Со едноставна пресметка се доаѓа до цифрата од 24.000 евра. Лажните менаџери-организатори со тоа на криминален начин заработиле убави пари дрско злоупотребувајќи го името на Цеца. Цеца Ражнатовиќ дознала за овој криминал, па се огласила на Инстаграм.

Заедно со фотографијата таа едноставно напиша: „Лага“!

– Сакам да и се обратам на публика во врска со оваа измама. Тој настап никогаш не беше одобрен од моите менаџери, со што мојата публика беше доведена во заблуда, а моето име злоупотребено. Не може на тој начин да се манипулира со моето име, тоа е многу грдо и голем срам за тие што тоа го прават.

Треба да ми бидат благодарни доколку не поднесам кривична пријава за лажно објавување на мојот настап на лажниот концерт, искрено порачала популарната Цеца, а која за Новогодишната ноќ  ќе пее во Белград. Секако за “ситни“ пари.   Д.М.