Серијалот на настани од културата во првото програмско тримесечие на НУ Центар за култура-Битола почнува викендов со два концерти под наслов „Засекогаш во срцата“ кои ќе ги изведе битолскиот Камерен оркестар.
Според Маја Андоновска – Илијевски, директор на Битолскиот културен центар концертот е посветен на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески чии почетоци се токму во Битола. Веднаш по концертот, од 28 јануари до 3 февруари ќе се емитуваат 11 македонски играни филмови, а на филмското платно во Битола ќе биде емитуван и тинејџерскиот филм „Ема“, снимен од средношколци.
МОБ во Битола, пак, ќе гостува со балетската претстава „Либертанго“, една од најубавите танго композиции во 20. век која ќе се одржи на 14 февруари, а во битолскиот Центар за култура, на почетокот од месец март изложба под наслов „Метаморф“ ќе приредат младите битолчани Марта Дојчиновска и Драган Милованов…