Цените на нафтата повторно растат

33

Цените на нафтата се зголемија минатата недела, бидејќи резервите на сурова нафта во САД нагло паднаа, што укажува на посилна побарувачка на почетокот од летната сезона на патувања.

На лондонскиот пазар, цената на барелот минатата недела порасна за 1,8 отсто, на 86,54 долари, додека на американскиот пазар таа порасна за 2,1 отсто, на 83,16 долари.

Во фокусот на трговците на мало минатата недела беа податоците за побарувачката на почетокот од летната сезона на патувања во САД.

Министерството за енергетика соопшти дека паднале резервите на сурова нафта во претходната недела за 12,2 милиони барели, многу повеќе од очекуваното и дека се намалени и резервите на бензин за 2,2 милиона барели.

Од друга страна, се верува дека наскоро ќе започнат преговорите на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинскиот Хамас, што значи дека ризикот од нарушување на производството на нафта во тој дел од светот се намалува.