Цените на кафето ќе продолжат да растат

55

Цените на кафето за крајните потрошувачи ќе продолжат да растат бидејќи климатските промени, нарушувањата во снабдувањето и новите регулативи на ЕУ доведуваат до зголемени трошоци за печењето, изјави претседателот на одборот на директори на италијанската компанија „Лаваца“, Џузепе Лаваца.

„Цените на кафето нема да паднат, ќе останат многу високи. Синџирот на снабдување со кафе е под сериозен притисок“, изјави тој.

Цената на кафето на полиците на британските супермаркети е зголемена за околу 15 отсто од 2023 година.

Печачите на кафе беа принудени да ги зголемат цените и да ги намалат маржите бидејќи се зголемуваат трошоците за суровините, рече Лаваца, припишувајќи го падот на недостигот на снабдување како резултат на климатските промени.

Во првата половина од годината извозот на кафе од Виетнам е намален за 10,6 отсто во однос на истиот период лани – на 902.000 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Глобалните цени на кафето значително пораснаа во вториот квартал поради екстремните горештини во клучните региони во Азија. Фјучерс квотите за сортата „робуста“ во Лондон до крајот на јуни се зголемени за 18,1 отсто во однос на крајот на март, а фјучерсите за „Арабика“ – за 20,6 отсто.