Јунешкиот бут достигна 900 денари, а бифтекот се качи над 1.200 денари, што е на историски максимум. – Цената на месо е премногу висока, тоа е лудо. Затоа почнав да ја консумирам оваа храна само еднаш неделно. Сега за 1.000 денари купувате килограм говедско, порано можевте да купите многу повеќе за истата цена. Затоа и потрошувачката опаѓа, луѓето немаат пари да јадат месо и ако погледнете по месарите, го има сè помалку и е стоено со денови, вели една скопјанка. И месарите потврдуваат дека им е намалена потрошувачката на говедско.
Во 2021 година бројот на говедата во земјава изнесувал 177.622 и бележи опаѓање во однос на претходната 2020 година за 44.580 грла. За споредба, во 2018 година во земјава биле одгледувани 256.181 грло говеда. Исто така, статистичките податоци говорат дека во Македонија се увезуваат 7.420 тони свежо и 2.530 тони замрзнато говедско месо со вкупна вредност од 30 до 36 милиони евра
Бројот на говеда што се одгледуваат во Македонија со години е во постојан пад. Податоците на Државниот завод за статистика тоа го потврдуваат, но истовремено се забележува и намалено производство на домашно свежо месо, поради што мораме да увезуваме, а цените уриваат рекорди и за многумина во државава овој прехранбен производ е луксуз.
Во 2021 година бројот на говедата во земјава изнесувал 177.622 и бележи опаѓање во однос на претходната 2020 година за 44.580 грла. За споредба, во 2018 година во земјава биле одгледувани 256.181 грло говеда.
Исто така, статистичките податоци говорат дека во Македонија се увезуваат 7.420 тони свежо и 2.530 тони замрзнато говедско месо со вкупна вредност од 30 до 36 милиони евра. Јунешкиот бут достигна 900 денари, а бифтекот се качи над 1.200 денари, што е на историски максимум.
– Цената на месо е премногу висока, тоа е лудо. Затоа почнав да ја консумирам оваа храна само еднаш неделно. Сега за 1.000 денари купувате килограм говедско, порано можевте да купите многу повеќе за истата цена. Затоа и потрошувачката опаѓа, луѓето немаат пари да јадат месо и ако погледнете по месарниците, го има сè помалку и е стоено со денови – вели една скопјанка.
И од месарниците потврдуваат дека им е намалена потрошувачката на месо. И покрај тоа што набавните цени се високи и работат на границата на рентабилност, оттаму потенцираат дека не можат многу да ги зголемат цените на месото бидејќи граѓаните нема да купуваат. Велат дека потрошувачката и онака е многу намалена, па ќе ги загубат и оние малку купувачи што ги имаат.
Кај деловните субјекти/одгледувачи на говеда во 2020 година биле регистрирани 8.051 грло, за да во 2021 година бројот драстично опадне на 2.397. Во пад е и одгледувањето на говеда и кај индивидуалните земјоделци. Во 2020 година тие одгледувале 214.151 говедо, а следната година бројката паднала на 175.225 грла.
Младиот сточар Марјан Стојов, од делчевското село Град, е еден од ретките кој одгледува повеќе грла добиток. Покрај крупен добиток одгледува и млади јунци, како и млади цицалчиња. Грлата ги чува за млеко и е задоволен е од цената. Вели дека мора да се работи бидејќи е татко на три деца, а во одгледувањето му помагаат сопругата и неговите родители.
– Имам околу 17 молзни крави и 38 телиња. Вршам и товење на јунци, имам околу десетина со тежина од 300 кила и неколку цицалчиња на млеко што ги појам. Млекото што го произведуваме го даваме на млекарница. Малку е напорно ама мора да се работи. Цената на млекото за мене е добра, 30 денари го плаќаат луѓето редовно, од државата субвенциите ги пуштаат редовно, ако така продолжат ќе работиме, нема каде да одиме – вели Стојов.
Во делчевското село Град, освен Стојов со сточарство се занимаваат уште десетина семејства, за разлика од пред 20 и повеќе години кога домашни животни одгледувале речиси секое трето семејство.
Македонија иако има големи предности, многубројни богати пасишта, сепак бележи големо опаѓање на бројот на добиток. Упатените во проблематиката укажуваат дека има повеќе причини што придонесуваат и понатаму да се намалува бројката на стока што се одгледува во земјава, иако се преземаат разни мерки за стимулирање на овој сегмент, како набавка на стелни јуници преку програмата на Агенцијата за поттикнување на земјоделството.
(С.Бл.)