Колку Бразилецот беше сигурен дека ќе биде прогласен за најдобар играч на светот најдобро покажа еден детал од „Ел Класико“. Во финишот на мечот Винисиус се скара со Гави, а играчот од средниот ред на Барса го испровоцира покажувајќи дека во Мадрид водат со 0:4. Сепак, Винисиус не му остана должен за тоа, но немаше поим дека ја кажал реченицата за која сега сите го исмејуваат и која сигурно долго ќе го прогонува.
„Да, но во понеделник јас сум Златната топка“, му одговори Винисиус на младиот играч за врска на Барселона.
Сепак, само два дена подоцна за Бразилецот пристигна студен туш кога стана јасно дека „Златната топка“ сепак ќе остане само сон за него. Иако навивачите на Реал ја оспоруваат одлуката наградата да му се додели на Родри, факт е дека и тоа не е сосема незаслужено.