Цел свет зборува за црнката од Косово

3787

Голем е бројот на фудбалери кои ретко излегуваа во јавноста заедно со своите девојки или сопруги, а еден од тие е и швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака.

Дефанзивниот играч за врска е познат по своето однесување на зелениот терен, особено на дуелите меѓу Швајцарија и Србија на големите натпреварувања.

Репрезентативецот на Швајцарија е веројатно најомразениот фудбалер во Србија. За време на натпреварите од светските првенства во Русија и Катар постојано ги провоцираше навивачите и играчите на Србија и никогаш не криеше дека воопшто не го сака нашиот северен сосед.

Причините за таквиот негов став се добро познати. Гранит никогаш не може да го прости тоа што му беше направено на неговиот татко во 1980-тите и за тоа ги обвинува Србите.

Неодамна Џака ги напушти редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, каде остави длабока трага, и реши да се врати во Германија.

Негов нов клуб е Баер од Леверкузен, а откако стави потпис на понудениот договор, слободното време го искористи за да се одмори со сопругата која летово му ја украде славата.

По долго време Гранит на социјалните мрежи објави фотографија со сопругата која предизвика лавина коментари не поради самиот Гранит, туку поради изгледот на неговата сопруга Леонтина, која не се појавуваше толку често во јавноста.

Оваа прекрасна жена по потекло е од Косово, а од 2017 година е во среќен брак со нов фудбалер на Баер од Леверкузен.

Леонтина е родена во Приштина, а Гранит го запознала додека тој играл во Борусија од Менхенгладбах, каде што работела.

Откако го запознала Гранит, Леонтина целосно му се посветила на семејниот живот и ги ставила во мирување профилите кои ги имала на социјалните мрежи.

Гранит и претходно покажуваше одлична поврзаност со семејството, а нема сомнеж дека Леонтина е негова голема поддршка во животот и личност без која немаше да постигне толку многу во кариерата.