Целосно оградено основното училиште „Димитар Поп Беровски“

238

Општината Ѓорче Петров презеде инфраструктурен зафат за поголема безбедност на основното училиште „Димитар Поп Беровски, со тоа што целосно го огради.

– Поставена е заштитна метална ограда во височина од два и должина од 340 метри. Покрај главната влезна врата, поставени се уште две, пред влезот на градинката и лизгачка врата кон улицата „Алексо Демниевски“.  Сите три врати ќе се заклучуваат во попладневните часови, соопштија од локалната самоуправа.

Од таму додаваат дека со поставувањето на оградата се зголемува безбедноста на учениците и се превенира појавата на девијантно однесување во вечерните часови.