Цветен часовник на плоштадот „Филип Втори“– подарок за скопјани

777

Во центарот на градот, на плоштадот „Филип Втори“ е уредена цветна површина во форма на часовник. ЈП „Паркови и зеленило“ им ја подари на скопјани оваа површина по повод скопскиот катастрофален земјотресен, кога пред 60 години, во пет часот и седумнаесет минути, градот Скопје беше срамнет со земја.

– Тој ден остави длабоки траги за жителите и духот на градот, затоа со голема почит и во знак на сеќавање ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје  оформи нова цветна површина уредена со сезонски цветен расад, отсликувајќи го часот на земјотресот од 26 јули 1963 година. Цветната површина ги симболизира солидарноста, хуманоста и соживотот. Како претпријатие, со голема заложба и должност насочено работиме за хумано и зелено Скопје, оставајќи пример за генерациите што доаѓаат – потенцираат од ЈП „Паркови и зеленило“.