Дома ТОП 5 Царинската управа ги обезбедува документите за беровскиот граничен премин „Клепало”

Царинската управа ги обезбедува документите за беровскиот граничен премин „Клепало”

118

Забележува дека како институција се во контакт со Министерството за транспорт и врски и со Катастарот, со цел да се прибере целата документација. Треба да се дефинира од која категорија ќе биде преминот, но и како ќе функционира.

Во наредниот месец ние ќе видиме што недостига од тие документи, бидејќи да бидам отворен од претходното раководство, односно од претходната владејачка гарнитура не беа оставени документи, кои едноставно би ги дале да бидат во сопственост на Царинската управа, како и ние би постапувале согласно нашата надлежност на граничните премини, сега работиме на тоа и во првиот момент кога ќе ги обезбедиме, јас верувам дека одма и ќе обезбедиме средства, како би и извршиле санација и интервенција на објектите да ги оспособиме што побргу, вели Танаскоски.

Очекува дека до крајот на годината ќе се обезбеди комплетната документација, со што Владата би влегла во фаза на буџетирање, односно обезбедување на средства за санација на објектите. Но пред да се среди документацијата, треба да се разговара и со бугарските институции на оваа тема и кои се нивните планови за инвестиции. Инаку објектите на граничниот премин „Клепало”, кои со години не се користат се во лоша состојба, но овој премин е надеж за граѓаните на Малешевскиот регион, кои веруваат дека со неговото ставање во функција ќе имаат поголем број на туристи, а ќе се забави процесот на миграцијата на населението.