Хуманитарната манифестацијата „Пивтијада” 11. пат се реализираше во организација на општина Гази Баба. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски го отвори настанот по повод празникот Богојавление Господово – Водици, на плоштадот Автокоманда.
-На едно место се собраа членките на организација на жени Гази Баба, месните заедници од општината и Здружението на пензионери од Гази Баба заедно со посетителите, настан кој од година во година е се попосетена. Целион настан беше проследен со настап на музички ѕвезди од македонската естрада, рече Георгиевски.
Креаторите на најдобро декорираните пивтии, добија награди. Градоначалникот пред присутните посочи дека е особено среќен што и оваа година сите собрани средства од продажбата на пивтии ќе се донираат за потребите на Детска клиника.
-Ви посакувам убав провод и повикувам што повеќе граѓани да ја посетат оваа манифестација, со цел што повеќе средства да се соберат кои ќе помогнат во работењето на Детската клиника, а кои ќе бидат од полза за децата кои се лекуваат таму, посочи Георгиевски.
Со собраните средства ќе бидат набавени инхалатори за Детската клиника.
Георгиевски ги посети и членовите на Здружението на пензионери од општина Гази Баба по подов денешниот празник.