Хуманитарецот Александар Горгиевски со донации го реконструира Противпожарниот дом во Штип

349

Во тек е реконструкција на штипскиот Противпожарен дом, акција која ја реализира хуманитарецот Александар Горгиевски. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска беше во посета, при што ја даде поддршката за целосно реновирање на оваа институција. Тој најави ќе се набави и ново противпожарно возило.

-Сакам да дадам целосна поддршка на тоа што се случува, затоа што се врши промена на врати, реконструкција на тоалети и други помошни објекти во самата институција. Она што сакам да го најавам е дека Општина Штип во овој момент заедно со општествено одговорни компании дава целосна логистичка поддршка за реконструкција на овие простории, истакна Јорданов.

Хуманитарната акција на Горгиевски почна пред два месеци, до денеска се променети многу работи, а како што рече Александар, за еден месец првиот спрат ќе биде комплетно во ново „светло“.

-Веќе два месеци сме овде, работиме макотрпно, завршена е голема работа, првиот спрат од ТППЕ Штип за месец дена ќе биде 100 проценти обновен, посочи Горгиевски.

Противпожарниот дом веќе има нови врати и прозори, реновирани тоалети, нови подови и мебел.