Хуманитарен Новогодишен базар „Топли срца – ладни шепи”

89

Интернационалната ветеринарна студентска асоцијација – ИВСА Скопје денеска организира Новогодишен хуманитарен базар со цел собирање средства за бездомните животни.

Го организираме хуманитарен базар токму во името на оние кои немаат избор – безгласните животни, каде што ние сме нивниот глас и тука сме да ја пренесеме нивната порака …. која гласи: Улиците НЕ СЕ и НЕ СМЕАТ да бидат нивно живеалиште, велат од ИВСА.

Новогодишен хуманитарен базар ќе се одржи од 12:00-17:00 часот во Кафе Бар Синдикат, а ќе може да се купат производи по симболична цена изработени од ИВСА, како и производи од изложувачи кои ќе учествуваат и донираат на овој Базар.

Собраните средства ќе се донираат на Amos Shelter – прифатилиштето за бездомни животни кое ги згрижува и одгледува на хуман начин.

Интернационална ветеринарна студентска организација – Скопје (IVSA) е непрофитна, невладина организација управувана од студенти при Факултети за Ветеринарна медицина ширум светот. Организацијата е членка на глобалната IVSA од Септември, 2017 година.