Хрватски кик-боксер го нокаутираше судијата, а потоа и тој беше нокаутиран

552

Хрватскиот кик-боксер Антонио Плазибат,претрпе пораз во Ротердам во рамките на спектаклот „Глори Колишн 5“, откако беше нокаутиран од Нигериецот Тарик Осара. Плазибат беше посочен како херој на денот, но тој се покажа како најголемиот губитник.

„Се чувствувам како швајцарско сирење. И кажав на девојката пред ова – или ќе бидам крал во Хрватска или ќе бидам кловн. Испаднав дека сум будала“, беше разочаран Плазибат.

За Антонио почна лошо во првата рунда кога скрши коска на левата рака, а потоа рунда по рунда, мечот му припаднаа на Нигериецот. Но претходно Хрватот го нокаутираше  судијата кој беше на погрешно место во погрешно време. Додека ги разделувал, добил удар во главата, од што некако успеал да се соземе.

-Оваа борба ќе се врти на најавните шпици. Кога се вратив во аголот мислев дека сум луд, дека тоа не се случило. Целата борба не чинеше. Дали бев под преголем притисок? Можам да побарам илјада причини зашто и како, но фала му на Бога што сум жив и здрав. Раката ми е малку скршена, но ќе помине, изјави Плазибат.