Хрватскиот ватерполист Свен Августи (22), кој минатото лето премина од тимот на Приморје ЕБ во Лацио, направи невиден скандал во Рим. Како што јавуваат италијанските медиуми, ватерполистот околу 22 часот навечер гол се шетал по Виа дел Форо Италико, широка и прометна улица во северниот дел во Рим , која води до спортскиот комплекс каде се наоѓа Олимпискиот стадион и базен.
Младиот ватерполист од Риека, наводно шетал потот, го избегнувале моторциклисти и автомобили, но во тоа избегнување еден автомобил од типот Смарт, доживеал несреќа, а возачот и совозачот на возраст од 22 и 23 години повредени и пренесени во болница.
По пристигнувањето на карабињерите, според пишувањето на италијанските медиуми, Свен наводно ги напднал и нив по што веднаш бил приведен.