Во организација на Пасворд продукцијата (Таксират) во Скопје дојдоа и они, едно најпријатните изненадувања од Хрватската музичка сцена. Тројката наречена “Свемирко” која одржа скоро двочасовен концерт во “Станица 26” на 16 ноември 2024 год. Нивниот звук е составен од повеќе стилови претежно електронска поп музика , каде прекрасно се вклопуваат бубњевите, гитарата, клавијатурите, тапаните но и разните придружни ефекти. Почетокот под ова име е некаде 2015 г. и со својот стил наидуваат на голема прифатеност од публикатакако во Хрватска така и во регионот но и пошироко ( потпишaa договор со Univerzal Music). До денес издаваат три албуми кои допринесуваат нивната музика да биде одлично прифатена. Не е тоа некоја нова музика, нов музички израз, нема тука ништо авангардно, тие ги користат оние понежни звуци кои сите ние како помлади ги слушавме по радијата. Со тоа постарите се потсетуваат на некои стари времиња, одавна заборавени, а младите откриваат што е тоа што нивните родители го сакале). Текстовите се претежно љубавни, градски, понекој свемирски, за отуѓеноста , она што го пишуваат сите, кратки, но доволно интелегентни текстови да ти влезат во глава. Колкав е распонот и родот на нивните поклоници се виде во Скопје.
Од околу 300 посетители (преполна Станица 26), 70 % беа женски посетители, старосната граница на сите од 25 до 50 година, иако најмногу беа застапени 30 годишници. Почнуваат, а публиката топло ги поздравува. Се редат “Dizajnerica Laura”, “Dok ja spavam”, “Po celom telu”, “Miris grada”, “Zena od Vanilije”, “Miris grad” … Публиката ги знае песните, зедно ги пеат и играат речиси сите песни. Знае Марко Вуковиќ (лидерот, композиторот, текстописецот) како да ја погоди онаа тенка линија и да дојде до слушателите, секоја чест. Концертот завршува, публиката бара уште. Публиката е чудна работа, ако некој добро го изработи концертот они ќе бараат уште, и уште , и уште , не знаат за милост. Но дали музичарите можат така. Во секој случај прекрасен концерт, со прекрасна група, со фантастична публика, на прекрасно место, во феноменална организација.
Љупчо Давчев