Претседателските избори во Хрватска на многу партии им помогнаа да си го поправат рејтингот, а на некои и да си го урнат, покажува редовното месечно истражување на Кробарометар, што го објавува ТВ Нова, а го спроведува агенцијата ИПСОС.

Очиглендо на крилата на успехот на својот претседателски кандидат, Зоран Милановиќ, СДП го поправи својот рејтинг во однос на ХДЗ, пренесе порталот Инекс.хр.

ХДЗ и натаму е прва партија во земјата, но е во пад со поддршката на крајот од годината, со моментален рејтинг од 25,2 отсто. СДП благо ја поправи својата поддршка и сега е на ниво од 21, 5 отсто. И падот на ХДЗ и растот на СДП и натаму се рамките на стратешката маргина на грешка, но важни тука се трендовите кои покажуваат дека ХДЗ, на пример, пред една година во однос на СДП имаше преднос од 14 индексни поени.

СДП по европските избори се „разбуди“, но ХДЗ не почна да паѓа се до декември.