Хрватска: Се запали автобус кој прeвезувал деца на екскурзија/ВИДЕО

361

Несреќа се случи денеска во Хрватска околу 11 часот утринава, кога автобус што превезувал деца од Истра на екскурзија се запалил на паркинг кај Хушњаково во Крапина.

За среќа, во моментот на инцидентот во автобусот немало деца, па нема ни повредени.

Девет пожарникари го гаснеле пожарот и го локализирале, а полицијата ги утврдува причините.