Ракометната репрезентација на Хрватска ќе игра во финалето на Европското првенство, откако во драматично полуфинале во Стокхолм, ја совлада Норвешка по четири продолженија со 29-28 (23-23). Дуелот беше трилер за историја по кој легендарниот Лино Червар и Хрватска ќе имаат можност в недела да го освојат единствениот златен медал кој им недостига.
Најефикасни во хрватската репрезентација беа Дувњак со седум и Мариќ со шест гола, а кај Норвешка се истакна Сагосен со десет погодоци. Феноменален беше Бергеруд со 14 интервенции, наспротив девет одбрани на Шего и Ашанин. Во второто полуфинале се среќаваат Шпанија и Словенија.