Хрватска наскоро ќе прими 20 ранети од Украина, изјави денеска хрватскиот министер за одбрана Томо Медвед, кој заедно со премиерот, Андреј Пленковиќ, пристигна во Киев по повод годишнината од ослободувањето на Буча во Украина.
Како што пренесува Хина, Медвед изјавил дека Хрватска ќе и помогне на Украина во пречекот на ранетите.
„Денеска детално ја разгледавме содржината на програмата и очекуваме многу брзо Украина да ги подготви првите 20 повредени кои ќе бидат прифатени од хрватскиот болнички систем согласно нивната дијагноза, а по завршување на лекувањето, ќе следи програма за рехабилитација во нашите ветерани центри“, рече Медвед.
Како што јави Хина, премиерот Пленковиќ и Медвед отпатувале во главниот град на Украина со воз во целосна тајност.
Пленковиќ ќе учествува на средбата на самитот „Буча – одговорност на Русија за злосторствата во Украина“.