Хрватска мора да ја добие Албанија

388
epa11413300 Croatian players applaud to fans after losing the UEFA EURO 2024 group B match between Spain and Croatia in Berlin, Germany, 15 June 2024. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Ни на сон репрезентативците на Хрватска не можеа да замислат дека на таков очаен начин ќе ја стартуваат европската авантура во Германија. Избраниците на Златко Далиќ одиграа катастрофално лошо во Берлин и сосема заслужено со убедливи 3:0 беа торпедирани од селекцијата на Шпанија.

И покрај поразот, ништо не е загубено за „коцкестите“ кои денеска имаа обврска да слават во дуелот против најмалку атрактивната репрезентација во групата „Б“, Албанија.

Нашиот северен сосед покажа малку заби во првото коло но тоа не беше доволно за да се забележи позитивен резултат во дуелот против бранителот на тронот, селекцијата на Италија.

За очекување е да има промени во почетните состави на двата тима и да има доминација на Хрватите од првиот судиски свиреж.

– Досега сме имале само убави спомени од големите натпреварувања, но сега треба да покажеме дека знаеме да се носиме и со овие лоши моменти. Сега ќе ја анализираме Албанија и ќе се обидеме да промениме нешто во нашата игра. Не можам да зборувам за детали, но пристапот не е добар и мора нешто да се смени. Имаме уште два меча пред нас и се е во наши раце, изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.