Хрватска бара лекари, нуди плата, бонус, стан, а добредојдени се и Македонци

81

На Хрватска и недостасува медицински кадар. Младите заминуваат во странство, а старите одат во пензија.

Од 250 лекари во Сплитско – далматинската жупанија дури 100 наскоро ќе одат во пензија. Нема ниту сестри, поради што лекарите и стоматолозите се принудени да работат сами.

Но, и оние кои сега се без работа не би сакале да работат на островот Вис или на Хвар, бидејќи таму еден лекар би требало да се грижи за 300 пациенти.

Се нуди плата, стан и годишен бонус од 50.000 куни.