Неимар е често на мета во јавноста поради бурниот љубовен живот, но фудбалерот на ПСЖ поради тоа очигледно мува не го лази.

Француските медиуми овој пат пишуваат дека Неимар е во врска со 27-годишната манекенка Наталија Баулиќ која по потекло е од Хрватска. Веќе неколку месеци се шпекулира дека двајцата се во врска, а сега доби и потврда.

Наталија минатата недела му го честиташе роденденот на Бразилецот и на тој начин потврди дека е во врска со Неимар.

  • Сите знаат колку е голем твојот талент, но не знаат колку е добро твоето срце, напиша Наталија на „Инстаграм“.