Хрватката Лиле пее песни од Тереза и се разголува во секси костими за капење – не е како Нивес Целзиус 

289

Хрватската суперпоп-пејачка Лидија Бачиќ-Лиле деновиве ги запали своите обожаватели, но и социјалните мрежи, објавувајќи фотографии на кои е разголена.  На тој начин, ѝ стана опасна конкуренција на Нивес Целзиус, која, исто така, често бомбардира со такви фотографии.

Сепак, разликата помеѓу Лиле и Нивес е огромна. Додека за Нивес критичарите зборуваат дека е со доста скромни гласовни можности, за Лиле велат дека има многу моќен вокал.

Дека е така, потврди и згодната Лиле кога неодамна настапи во Сплит, како ексклузивна гостинка на концертот на славната Тереза Кесовија. А, мошне добро е познато дека Тереза ретко кога поканува гости на своите концерти. Но, овој пат направи исклучок за Лиле! Поупатените велат дека тоа е затоа што Лиле одлично ги пее песните од репертоарот на Тереза.

Големата Тереза навистина беше воодушевена од мојот начин на пеење на нејзините хитови. Не е лесно тоа. Ретко кој од пејачите се осмелува да ги пее песните од Тереза, бидејќи не се така едноставни за интерпретација. Но, само така може да докажете дека сте врвна пејачка, а не некоја што се покажува само со разголени задник и гради – објасни, сепак, разголената Лиле, која и покрај својот пејачки талент, има талент и за провокативни секси фотографии во костими за капење.  Д.М. фото:Архива