Хоџај: Можно е Приштина и Белград набргу меѓусебно да се признаат

238

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјави дека е можно до пролет следната година да биде постигнат договор меѓу Косово и Србија.

– Врз основа на состаноците што ги имав во изминатите неколку недели, за кои не сакам да одам во детали, очекувам дијалогот меѓу Косово и Србија да биде завршен до крајот на 2019 или март 2020 година, со договор за взаемно признавање, изјави Хоџај.

Тој тврди дека дијалогот нема врска со тоа што ќе добие Белград од преговорите.

– Дијалогот има врска со тоа дали сакаме косовското знаме да биде подигнато пред ОН или да чекаме уште десет години. Доцните достигнувања на еден народ не претставуваат достигнувања. Ако успеете да се приклучите на ОН во 2030 година, прашањето е каква ќе биде Организацијата тогаш и каков вид ќе биде меѓународниот поредок, изјави Хоџај.