Данскиот интернационалец, Пјер Емил-Хојберг, ќе биде првиот фудбалер кој ќе ги напушти редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем за време на зимскиот преоден рок. Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и веќе ги информирал клупските челници дека сака да си замине од Лондон. Хојберг е проценет на околу 45 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажува Манчестер Јунајтед.