Хотелот Континентал оди под хипотека за кредит од 960.000 евра

191

Хотелот „Континентал“ оди под под хипотека за кредит од 960 илјади евра.

Кредитот од Комерцијална банка го подига компанијата „Интернешенел хотелс“ која го поседува хотелот, а освен зградата со инвентарот и опремата како гаранција под хипотека се става и земјиштето под неа.

Ова го соопшти компанијата преку Македонска беза. Според објавата, се работи за рамковен риволвинг кредит од 960.000 евра, за кој се гарантира со зградата на хотелот со вкупна површина од 17.135 квадратни метри и земјиште под и околу објектот со вкупна површина од 12.296 квадрати. Под хипотека е и вкупниот инвентар на хотелот, со што заложениот имот има вкупна проценета вредност од 3.799.230 евра, што е 74,7 отсто од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка.

Одлуката хотелот да се стави под хипотека за кредит од 960.000 евра ќе ја донесат акционерите на „Интернешнл хотелс“ на собрание закажано за 5 наредниот месец.