Љубовта е комплицирана работа. Некои едноставно го наоѓаат, други се уште го бараат, а има и такви кои колку и да се трудат не можат да ја најдат вистинската личност. Среќата во љубовта не зависи секогаш од тоа колку се трудиме, а тоа најдобро го знаат некои хороскопски знаци. Иако даваат се од себе и го вложуваат целото срце во нивните романтични врски, среќата едноставно ги избегнува. Еве ги знаците.
Девица
Девиците се трудат се да биде совршено, од првиот состанок до одржување на врската. Проблемот е што Девиците имаат толку високи стандарди што колку и да се трудат, едноставно не можат да најдат партнер кој ги исполнува сите нивни барања. Секоја ситница ги исфрла од рамнотежа: премногу неред во станот, несигурност во однесувањето, па дури и пресовршениот изглед на партнерот, кој ги потсетува дека не се доволно добри. Во нивниот свет, љубовта е сложена математичка равенка која не може да се реши само така.
Скорпија
Скорпиите се полни со страст и енергија, но токму тоа им создава проблем во љубовта. Во врската го вложуваат целото битие – емоции, тело, мисли, а исто толку очекуваат и од партнерот. Но, реалноста често е спротивна. Иако нивната страст може да го донесе почетниот пламен во врската, нивниот интензитет може да ги заплаши луѓето кои бараат нешто полесно.
Скорпиите се познати по тоа што секогаш бараат подлабоки врски, но проблемот е што тешко им веруваат на другите. Оваа сомнителност и постојаната потрага по вистинскиот партнер често ги остава осамени, и покрај тоа што вложуваат толку многу труд.
Близнаци
Близнаците се исклучителни комуникатори, секогаш спремни за шега и интересни разговори, но кога е љубовта во прашање често се заплеткуваат во сопствените зборови. Овој знак е во постојана потрага по ментална стимулација, што значи дека секогаш сакаат нешто подлабоко, подобро, попредизвикувачки. Иако можат да започнат многу врски, ретко се случува сите да се претворат во долгорочна стабилна љубов.
Близнаците често забораваат на важноста на практичната страна на љубовта, на малите гестови; се се сведува на интелектуална поврзаност. За жал, ова понекогаш значи дека тие остануваат заглавени во фазата на разговор, наместо да преминат на вистинска, длабока врска.
Рак
Раковите се крајно емотивни и лојални, но нивната љубовна среќа често доаѓа во форма на давање премногу на партнерите кои не се секогаш способни да возвратат. Иако се неверојатно грижливи и подготвени да жртвуваат сè за својата љубов, тие често паѓаат во замката на невозвратени чувства или партнери кои не се доволно подготвени за сериозна врска.
Раковите секогаш се стремат кон емоционална сигурност, но кога тоа недостасува, нивното срце станува ранливо. Иако даваат се од себе, оние кои не се во состојба да ја ценат нивната длабока и искрена љубов често ги повредуваат, оставајќи ги разочарани и подготвени повторно да веруваат во љубовта – но само кога се сигурни дека таа е возвратена.