Хорор во Бостон: Убиено деветгодишно девојче, уапсени две лица

64

Две лица се уапсени под сомнение дека се вмешани во убиството на деветгодишно девојче, што се случи вчера во Бостон, Линколншир.

Девојчето било избодено попладне или навечер, а инспекторите сметаат дека се работи за изолиран инцидент и засега нема да го соопштат името на жртвата.

Полицијата не сакаше да открие ниту кој е уапсен и како се поврзани со убиената девојче.

Истрагата траела цела ноќ.