ХОРОР ВО АВСТРАЛИЈА: Поранешен воспитувач обвинет за 1.623 дела за злоставување деца

54

Поранешен австралиски воспитувач (45) е обвинет за 1.623 кривични дела за злоупотреба на деца, вклучително и силување, извршени против 91 дете во периодот од 2007 до 2022 година, соопшти денеска федералната полиција.

Полицијата истакна дека мажот е обвинет за 136 силувања и 110 сексуални односи со дете под 10 години.

Полицијата вели дека плен на мажот биле млади девојчиња во десетина центри во Австралија и во странство. Тој беше уапсен во август 2022 година, но на полицијата и требаше една година да ги истражи и идентификува жртвите, пишува Би-би-си.

Властите во Австралија велат дека тоа е еден од најужасните случаи што некогаш ги виделе. Поранешниот воспитувач се соочува со 246 точки од обвинението за силување и 673 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Поради пријавата против него, 45-годишникот би можел да добие максимална казна, а тоа е доживотен затвор.

Човекот се соочува и со стотици обвиненија за снимање и дистрибуција на материјал за злоупотреба на деца. Полицијата тврди дека тој го снимил целото негово злоставување, а на неговите електронски уреди пронашле 4.000 фотографии и видеа.

Злоупотребата, се случила во 10 центри за згрижување деца во Квинсленд и еден во Нов Јужен Велс. Зборувајќи за медиумите, австралискиот федерален полициски комесар Џастин Гоф рече дека случајот е длабоко вознемирувачки за заедницата.

Идентификувани се 87 деца од Австралија кои биле малтретирани и контактирано е со нивните семејства. Австралиските власти сега работат со меѓународни колеги за да контактираат со другите четири жртви.

Инспекторите велат дека го уапсиле мажот откако успеале да ја идентификуваат позадината што се појавува на видеата за злоупотреба. Станува збор за еден од центрите за згрижување деца каде што работел како воспитувач.

На 20 август 2022 година, австралиската федерална полиција изврши рација во домот на 45-годишникот во градот Голд Коуст и заплени електронски уреди што содржеле материјал за злоупотреба на деца што тој го снимил.

Тој беше пријавен во полицијата во Квинсленд двапати претходно, во 2021 и 2022 година, но истражителите не најдоа доволно докази за да дејствуваат, соопшти полицијата.

– Ова е еден од најужасните случаи на злоупотреба на деца што сум го видел во речиси 40 години работа во полициските сили – рече помошникот комесар на полицијата на Нов Јужен Велс, Мајкл Фицџералд на прес-конференција.

Полицијата соопшти дека мажот ги снимал децата со телефони и камери додека работел во 10 центри за згрижување деца во Бризбејн и еден центар во Сиднеј.

Судењето е закажано за 21 август.