Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер смета дека новите правила во Формула 1 за аеродинамиката поскоро ги вратиле назад, отколку што им помогнале да ја задржат силната форма од 2018 година. Досега во сезоната, Макс Верстапен запиша два подиуми, но не покажа ништо импресивно во однос на Мерцедес, кои презентираа доминација на патеката.

  • Не сме така конкурентни како што бевме на крајот на минатата сезона поради неколку причини. Комбинацијата од тврди гуми на Пирели оваа година и новите правила во однос на аеродинамиката не ни помагаат. Промената на предното крило е доста сложен процес и ни треба време додека повторно станеме брзи. Но сме на вистинскиот пат. Се се сведува на еволуцијата во Формула 1. Ние напредуваме стабилно во однос на шасијата, Хонда прави напредок со моторот, а сигурноста е доста добра, во споредба со другите години. Но противниците не спијат. Ферари беа со нов мотор во Шпанија, Рено, исто така, а Мерцедес ќе има во Канада. Ние немаме влијание врз нив, но сме среќни со нашата сопствена програма, вели шефот на „биковите“.